Брзајте полека!
Денес сите некаде брзаат. Тоа некако стана стил на живеење и кај нас. Реалност е дека современото живеење во голема мера ги зголемува потребите на индивидуата и семејството, а тоа бара поголемо залагање истите да се обезбедат, често трчајќи од една до друга работа.