За нас
Центарот за јога и личен развој своите цели
ги реализира преку следните активности:
- почетни, средни и напредни курсеви
- специјализирани курсеви за деца
- пренатална и постнатална јога
- терапевтски курсеви: астма, `рбетни деформации и др
- јога за спортисти
- јога за лица во трета доба
- индивидуални часови
- работилници, предавања, семинари
- издава брошури, проспекти и сл
- активности од реакреативен карактер: излети во природа, патувања и сл
- Соработка со владини и невладини организации, институции и здруженија од научен, спортски, културен, медицински, воспитно-образовен и сл карактер
Весна Алексовска е оснoвач и претседател на Центарот за јога и личен развој, во кој работи на примена на јогата како систем кој им помага на луѓето во нивното лично спознавање и во достигнувањето на внатрешен мир и благосостојба. По професија е историчар на уметност со археологија.
Центарот го основа на 17 Јули 2007 година каде што започнува со водење на курсеви по јога за почетници, за средни и напредни практиканти, за деца со родители, а води и индивидуални часови. Покрај редовни курсеви одржува семинари и предавања. Во 2018 се повлекува од здружението.
Кристина Трајковиќ има започнато со Јога во 1995 година, а во 2007 година стана активен член на Центарот за Јога и личен развој.
Во 2018 година, Кристина станува инструктор во Центарот за Јога и личен развој.