Јога во Скопје, во ваше темпо

Јога часови за различни нивоа, во сала и онлајн. Погледнете ги термините и пронајдете група што одговара на вашето искуство и распоред.

Центар за јога и личен развој, основан во 2007 година.

Жена што практикува јога во седечка положба

Термини за јога

Изберете група според вашето искуство и распоред. За актуелни термини и слободни места, контактирајте нè.

Прикажаните денови и часови се од претходно објавениот распоред. Ве молиме потврдете го актуелниот термин пред пријавување.

Не сте сигурни која група ви одговара?

Контактирајте нè и ќе ви помогнеме да го изберете соодветниот термин.

Достапни сме и на Viber: 070 325 909

Термини за вежбање

Вторник и Четврток (онлајн)
почетна група – од 02.09.2024
19:00 – 20:00
Вторник и Четврток (онлајн)
средно-напредна група – од 02.09.2024
20:30 – 21:30
Понеделник и Среда (во сала)
почетно-средна група – од 16.09.2024
20:00 – 21:00
Индивидуални часови
по договор

Како да се пријавите?

За да започнете со јога, доволно е да нè контактирате. Ќе ви помогнеме да ја пронајдете групата што најмногу ви одговара.

Може да ни пишете и на Viber на бројот 070 325 909.

  1. Изберете група

    Погледнете ги термините и изберете група според вашето искуство и распоред.

  2. Контактирајте нè

    Јавете се или испратете порака преку WhatsApp, Viber или е-пошта.

  3. Договорете го вашиот термин

    Потврдете ги деталите и слободните места директно со нашиот центар.

Јога и личен развој во Скопје од 2007 година

Центарот за јога и личен развој е непрофитно здружение основано во Скопје на 17 јули 2007 година.

Нашата работа е посветена на практикувањето јога и развивањето на физичките и менталните потенцијали на поединецот. Преку курсеви и други активности, создаваме можности за учење, вежбање и личен развој.

Повеќе за центарот

Што можете да најдете кај нас?

Курсеви за различни нивоа

Од првите чекори во јогата до средни и напредни практики.

Индивидуални часови

Можност за индивидуално вежбање во договорен термин.

Работилници и предавања

Активности посветени на јогата, личниот развој и продлабочување на знаењето.

Кристина Трајковиќ во јога положба со споени дланки

Запознајте ја Кристина

Кристина Трајковиќ Инструкторка по јога

Кристина започнала да практикува јога во 1995 година, а од 2007 година е дел од Центарот за јога и личен развој.

Од 2018 година е инструкторка во центарот. Нејзините часови се насочени кон воспоставување рамнотежа меѓу телото и духот, со внимание на внатрешниот мир.

Од 1995 Практикува јога
Од 2018 Инструкторка во центарот

Изберете го вашиот соодветен термин за вежбање

Инструктор

Кристина Трајковиќ

Инструктор по Јога

Што кажуваат
нашите членови

По изведување на секоја асана научив да го почуствувам пријатното дејство на истата. Преку нив самото тело ми зајакна, а умот ми се освежи. Имено, со релаксацијата се ослободувам од затегнатоста што ја чуствувам на одредени делови од телото. Научив да откријам каде е потребно да се сконцентрирам за да се опушти телото и да почувствувам олеснување.

Оливера П. (33 год)

Правник

Претходно работите ги доживував многу стресно, се плашев од некои работи, но нивото кое стапи во мене не дозволува да излезам од таа мирна состојба. Едноставно, работите ги гледам поинаку, ги доживувам и разбирам, а порано можеби ги знаев, но не успевав да ги сфатам.

Јована Б. (21 год)

Медицинска сестра

Едно убаво облачно попладне се упатив на мојот прв час по јога. Сакав да научам како да го вгнездам мирот во поточињата, а да не ја нарушам нивната жуборлива природа. Таму запознав прекрасни личности, кои несебично ми ги отворија вратите кон едно ново искуство кое сé уште го живеам.

Мирјана Ѓ. (24 год)

Консултант

Ви се случило некогаш да прочитате некои волшебни стихови, некоја мудра мисла или некој луциден краток расказ и да си кажете: „Ова е тоа! Ова е тоа што и јас сакав да го напишам.“? Отприлика така изгледаше мојот прв допир со јогата – сфатив дека долго време сум живеел со неа, а не сум бил свесен.

Ѓоко З. (24 год)

Книжевник

Поврзување на умот,
телото и духот

Започнете со сеопфатно патување, негувајќи го секој аспект од вашата благосостојба.

Искусни инструктори

Водени од искуството, нашите тренери обезбедуваат безбедно и ефективно вежбање

Удобно темпо

Јога прилагодена на вас, обезбедувајќи раст во вашиот личен ритам.

Придобивки од јогата

Смирен ум

Смирете го умот, прифаќајќи ја смиреноста во секој земен здив.

Ментално здравје

Зајакнете ја вашата ментална благосостојба и намалете го стресот.

Флексибилност

Посведочете го зголемувањето на флексибилноста и силата на вашето тело.

Изолацијата е страдање

Несигурноста веројатно е состојба која нè следи уште од раните години на животот.

Брзајте полека!

Денес сите некаде брзаат. Тоа некако стана стил на живеење и кај нас.

Јогата во светот на децата

Децата не решаваат животни прашања, но си ги имаат своите предизвици.

Чудесните пораки од водата

Светот во кој живееме е чудесен. Штета што сме наштимани да го гледаме обично, како веќе да го знаеме.

Длабока имагинација

Ние не се познаваме доволно себеси, го знаеме само основното. Постои една длабочина во нас, која е многу вредна.

Нашите Јога Часови

Контактирајте не за да го резервирате вашето место.

Најдобрите ресурси за јога и здравје, претплатете се сега!

Scroll to Top