Место за јога и личен развој

Центарот за јога и личен развој е непрофитна организација основана во Скопје во 2007 година. Преку јога, едукација и заеднички активности создаваме простор за учење, практикување и личен развој.

Јогата е повеќе од вежбање

Веруваме во јогата како пат кон личен развој и подобар квалитет на живеење.

Нашата мисија е да ја поттикнуваме примената на јогата и сродните дисциплини за развивање на физичките, менталните и личните потенцијали на човекот.

Како непрофитно здружение, се залагаме за градење култура на јога и поттикнување интерес кај луѓе од различни генерации и средини.

Жена во седечка јога положба

Личен развој

Развивање на физичките и менталните потенцијали преку јога и свесна практика.

Култура на јога

Споделување знаење и поттикнување подлабоко разбирање на јогата и нејзината примена.

Отвореност

Поттикнување интерес за јога и личен развој кај луѓе од различни генерации и средини.

Здружението на граѓани Центар за јога и личен развој е непрофитна и невладина организација која е формирана со слободно здружување на граѓаните за остварување на следниве цели и задачи:
примена на јогата и другите слични дисциплини како методи за личен развој на поединецот во насока на подигнување на квалитетот на неговото живеење и развивање на неговите физички, ментални, психички и др потенцијали,
да работат на градење на културата за јога и слични дисциплини за личен развој
да ја поттикнат заинтересираноста за јогата и личниот развој кај припадниците од различна возрасна, полова, етничка, религиозна и друга припадност,
да работат на градење на културата за јога и слични дисциплини за личен развој
Група учесници практикуваат јога на отворено
Од архивата на Центарот за јога и личен развој

Различни начини да ја практикувате јогата

Од првите чекори до продлабочување на практиката, центарот овозможува различни начини за запознавање и практикување јога.

Групни јога часови

Почетни и средно-напредни групи, со можност за вежбање во сала или онлајн.

Индивидуални часови

Индивидуална практика со термин по договор.

Работилници и предавања

Низ годините центарот организирал семинари, предавања и други активности посветени на јогата и личниот развој.

Во рамки на својата работа, центарот развивал и специјализирани програми за различни групи, како и рекреативни и едукативни активности.

Погледнете ги термините

Кристина Трајковиќ

Инструкторка по јога

Кристина започнала да практикува јога во 1995 година, а во 2007 година станала активен член на Центарот за јога и личен развој.

Од 2018 година работи како инструкторка по јога во центарот.

1995 Почеток на јога практиката
2018 Инструкторка во центарот
Кристина Трајковиќ, инструкторка по јога

Пронајдете го вашиот јога час

Не сте сигурни која група ви одговара? Контактирајте нè за да дознаете повеќе за часовите, актуелните термини и слободните места.

Погледнете ги термините

Центарот за јога и личен развој своите цели

ги реализира преку следните активности:

Весна Алексовска е оснoвач и претседател на Центарот за јога и личен развој, во кој работи на примена на јогата како систем кој им помага на луѓето во нивното лично спознавање и во достигнувањето на внатрешен мир и благосостојба. По професија е историчар на уметност со археологија.
Центарот го основа на 17 Јули 2007 година каде што започнува со водење на курсеви по јога за почетници, за средни и напредни практиканти, за деца со родители, а води и индивидуални часови. Покрај редовни курсеви одржува семинари и предавања. Во 2018 се повлекува од здружението.

Кристина Трајковиќ има започнато со Јога во 1995 година, а во 2007 година стана активен член на Центарот за Јога и личен развој.
Во 2018 година, Кристина станува инструктор во Центарот за Јога и личен развој.

Инвестирајте во
вашето здравје

ОУ „Браќа Миладиновци“
Владимир Комаров 5
Скопје, 1000
Scroll to Top