Што се пропуштаме?
Метро-станица, студено јануарско утро 2007 г., а човек на виолина го свири Бах некои 45 минути. За тоа време, приближно 2000 луѓе проаѓаат низ станицата, повеќето одејќи на работа.
Три минути откако почнува свирењето: средовечен човек го забележува музичарот што свири. Тој ги забавува чекорите, се запира за миг, а потем со брзање заминува таму каде што беше намерил.
Четири минути подоцна: виолинистот го прима својот прв долар: жена фрла пари во чинијата, па без да застане си го продолжува патот.
Шест минути подоцна: млад човек се наведнува над оградата за да го послуша, потем погледнува на рачниот часовник и продолжува брзајќи.
Десет минути подоцна: тригодишно момче застанува, но мајката го одвлекува брзајќи. Малиот застанува за повторно да го погледне виолинистот, но мајката го влече и двајцата заминуваат брзајќи. Неколку други деца ја повторуваат оваа ситуација. Секој родител, без исклучок, го присилил своето дете да продолжи да оди.
Четириесет и пет минути подоцна: музичарот свири без престан. Само шестмина застанале и го послушале накратко. Дваесетина му дале пари, но продолжиле да одат со истиот ритам. Свирејќи собрал вкупно 32 долара.
Еден час подоцна: музичарот ја завршува свирката и настапува тишина. Никој не го забележува тоа. Никој не плеска, ниту пак одава некакво признание.
Правата вистина: никој не знаел дека музичарот всушност е Џошуа Бел, еден од најголемите светски музичари на денешницата.
Свирел едно од најтешките парчиња кога и да е напишани, на виолина вредна 3.5 милиони долари.
Само два дена пред тоа Џошуа Бел ја распродал концертната сала во Бостон каде што просечната цена за картите е 100 долари.
Ова е вистинска приказна. Инкогнито-свирката на Џошуа Бел на станица во метро ја организирал Washington Post како дел од социолошкиот експеримент за перцепцијата, за вкусот и човечките приоритети. Се поставува прашањето: „Дали во вообичаеното опкружување, во непогодно време, воопшто ја препознаваме убавината? Дали застануваме за на таа убавина да и` одадеме почит? Го препознаваме ли талентот во неочекуваниот контекст? Колку снобови има меѓу нас што одат на концерт плаќајќи баснословни износи, а истото тоа не го препознаваат во други пригоди?“
Еден можен заклучок од овој експеримент би можел да биде:
Ако немаме ниту миг да застанеме и да го слушнеме еден од најдобрите музичари на светот, кој свири едно од најубавите парчиња кога и да е создадени, на еден од најубавите инструменти кога и да е направени…
КОЛКУ ЛИ МНОГУ ДРУГИ НЕШТА ПРОПУШТАМЕ?