Автобиографија во пет поглавја

(1)

Одам по улица.
На тротоарот има длабока дупка.
Паѓам во неа.
Изгубена сум….обезглавена.
Не сум виновна.
Потребно е ужасно многу време
за да го најдам излезот.

(2)

Одам по истата улица.
На тротоарот е големата дупка.
Се правам дека не ја гледам.
Повторно паѓам.
Не можам да поверувам дека сум на истото место.
Но не сум виновна.
Сепак долго се извлекувам од дупката

(3)

Одам по истата улица.
На тротоарот е големата дупка.
Ја гледам.
Сепак паќам во неа…од навика.
Очите ми се отворени.
Знам каде сум.
Виновна сум.
Веднаш излегувам.

(4)

Одам по истата улица.
На троторарот е големата дупка.
Ја заобиколувам.

(5)

Одам по друга улица.

Scroll to Top