Предавање за членовите на универзитетот Трето Доба

На 19.11.2009 г. Весна Алексовска беше гостин-предавач на редовната средба на Универзитетот трето доба која се одржува секој четврток во просториите на Филозофскиот факултет во Скопје.
На нивна покана Алексовска одржа предавање за јогата и придобивките од нејзиното практикување. Таа стави акцент на вообичаените тегоби и животни ситуации со кои се сретнуваат повозрасните лица, а кои би можеле да се ублажат со јогата, за тоа дека никогаш не е доцна да се практикуваат јога вежбите, од кои им презентираше неколку кои би можеле безбедно да ги практикуваат самите дома.
Предавањето беше прифатено со одушевување, и заврши со взаемна желба за повторно дружење.

19.11.2009

Универзитет Трето доба

Филозофски факултет,

Универзитет Св.Кирил и Методиј,

Скопје

Scroll to Top