Основи за здраво и среќно живеење низ призмата на правилата на Јама

Позитивните животни принципи во јогата не се нешто што се наметнува вештачки однадвор, како некои правила кои не смееме да ги прекршиме бидејќи ќе бидеме осудени. Тие не постојат за да влеваат страв во нас и чувство на вина, туку да нè направат посвесни за нас самите, за тоа како работите се одвиваат зависни едни од други, да ни помогнат да видиме дека имаме одговорност за сопствените мисли, чувства и постапки. Дека она што го правиме води кон нешто. Јама има улога да нè заштити од последиците на нашите дела.
Беа продискутирани петте правила на јама кои препорачуваат да одбегнуваме повредување, нанесување на болка, да не ја извртуваме вистината, да не сме лакоми, ненаситни и да не им го одземаме на другите она што ним им припаѓа, да не собираме непотребни работи кои ни ја отапуваат свеста за она што е важно во животот, ослободување од опсесијата за сексуален контакт но не и негово потиснување. Овие принципи за оние што чувствуваат желба духовно да се развиваат се како внатрешна потреба, бидејќи се во согласност со чистата духовна природа што ја имаат во себе.
Согледавме дека правиме помали или поголеми престапи зашто не го знаеме редот по кој функционира Универзумот и нашето место и улога во него.
Тие ни помагаат да одржиме психички мир, да имаме подобра концентрација и креативни способности зашто се ослободува енергијата од негативните емоции, да развиеме позитивни ментални ставови, но што е уште поважно да ги разбереме своите грешни постапки и да ги исправиме. Овие правила ја добиваат својата вистинска димензија кога се неусилено присутни во нашиот живот, кога од правила стануваат квалитети на нашата личност, на нашите односи со нас самите и со надворешниот свет.

Еднодневен семинар

29.03.2008

Скопје (Карате клубот Работнички)
Под водство на Весна Алексовска
Scroll to Top