Одбележување на роденденот на Центарот за јога и личен развој

Годишнината на Центарот беше одбележана со организација на неколку активности. Членовите на Центарот собраа финансиски средства со кои купија прехрамбени продукти кои ги донираа во народната кујна на црквата Св. Петка, Кисела Вода.
Прекрасната природа до манастирот Св. Никола Шишевски, и прекрасниот поглед кон езерото Матка беше подарок за оние кои дојдоа на овој излет пропратен со многу сонце. Прекрасно дружење, вистински одмор во чиста средина, медитација под сенките за да се заблагодариме на убавините што ги добиваме.
Средбата на Кале, на зајдисонце, уште еднаш не исполни со радост. Под нас градот во бука и раздвиженост, во кој се одвиваат нашите животи и потрагата по среќата и исполнувањето, по доживувањето на слободата и широчината на постоењето. А тука, на чекор од таа мешаница, изненадувачки мир. Колку е блиску она што го бараме. Посакуваме овој простор да биде благословен со љубов и светлина и непречено да може да го работиме ова што на нашите животи им дава смисла.

Хуманитарна акција

17.07.2008

Излет на Матка
Средба на Кале
Scroll to Top