Моќта на зборовите – формирање на позитивни ментални обрасци
„Говорот е основен атрибут во Материјалната реалност. Тој произлегува од звукот на Космичката вибрација. Оваа особина на вибраторно изразување ја имаат сите видови… Должност на човекот е да ја користи оваа моќ на говор, дадена од Бога, да прави само добро и да го шири просветлувањето.“ Парамаханса Јогананда
Секој човек има свои обрасци на мислење и говор. Тие ментални обрасци и нашиот говор, зборовите, во себе имаат енергетски потенцијал. Кога зачестено користиме одредени зборови со кои се изразува некое дејствите или состојба, енергијата од нив се зголемува и утврдува, и на одреден начин влијае на нас самите, но и на другите суштества и околностите. Со нашите навики на изразување создаваме подлога за креирање, одржување и зацврстување на одредени чувства и состојби, а додаваме и на потенцијалот на веројатноста да успееме во нешто, додаваме или одземаме од нашата лична среќа, го поддржуваме или не сопственото здравје.
Со свесно користење на позитивни афирмации во состојба на длабока опуштеност, за време на медитација и јога-нидра, го исполнуваме свесниот ум со одредена намера. Кога таа намера се повторува и оди подлабоко во подсвеста, доаѓа момент кога намерата станува вистинско искуство.
Еднодневни семинари
28.03.2010, 18.04.2010
28.03.2010
Скопје (Центар за јога и личен развој)
Под водство на Весна Алексовска
18.04.2010 Тетово (Шкендија, Карате Академија) Под водство на Весна Алексовска