Холистички пристап во справување со стресот
Што е стресот? Што ни создава стрес? Што можеме да сториме за да се заштитиме од него?
Преку исцрпните излагања и power point презентација стресот како масовна појава беше опфатен од различни аспекти. Бидејќи еден од чекорите да се заштитиме од него е да можеме навремено да го препознаеме, беше истакнато дека човекот често пати не им дава значење на симптомите на стресот, се навикнува на нив, па дури ги прифаќа и како нормални и неизбежни. Денес стерсот можеме да го гледаме и како животен предизвик кој нé повикува да направиме значаен потег во сопствениот живот, да направиме позитивни промени.
Стресот беше објаснет како дисхармонија која се случува во неколку слоеви на човековото битие, но истовремено дека е нешто од што можеме успешно да се растеретиме.
Кога човекот долго време е изложен на притисоци се чувствува истрошено, со смалена сила и издржливост. Јогата помага да се открие поголемиот потенцијал на сила во себе и ги пробудува исцелувачките енергии. Човекот кој претходно бил под стрес кога ќе почне да практикува јога ќе почувствува длабока релаксација, благосостојба во своето тело, смиреност во мислите. Потребно е само да се промени ставот, да се преземе одговорноста во свои раце и да се направи тоа што е најдобро за себеси.
На семинарот се одржа и практичен час на кој присутните можеа да научат програма на јога техники и релаксација која може да ја применуваат за ослободување на напнатоста и стресот после напорните денови.
Јогата сé повеќе се применува како еликсир кој врши внатрешно прочистување и кој едноставно и сигурно му влева оптимизам и доверба на човекот во самиот себе, и чувство дека тој може да одржува контрола врз сопствениот живот.
Еднодневен семинар
01.12.2007
Скопје (ОУ. Б. Миладиновци)
Под водство на Весна Алексовска