Часови по Јога во Тетово
Од 23-ти мај до пред летните одмори Центарот за јога и личен развој успешно ги реализираше часовите по Јога во Тетово. Среќни сме што јогата конечно стигна и во Тетово, и околу дваесетина луѓе од градот под Шара ни се приклучија во заедничките и прекрасни мигови на дружење со себе, во одржувањето и подобрувањето на своето здравје, во будењето на своите потенцијали и откривањето на внатрешната убавина и мир.

Курс по јога
Мај - Јули 2009
Тетвоски театар, Тетово
Под водство на Весна Алексовска
со асистенција на м-р Лазар Ѓуров