Share
untitled1 Mediumi
Јога во 5+ со Петко и Мина
plakat

8ka b_small

 
Почеток Искуства

УБАВАТА ВИСТИНА ВО СИТЕ НАС

Share

 

Јована Бушевска, (21 год) медицинска сестра

Многу често се прашував дали постои некоја друга вистина од онаа што се гледа. Ми се чинеше загрижувачки и недоволно за да се убедам дека е толку тесна глетката кон светот. Барав по разни книги, но не бев доволно подготвена за да ги разберам, си создадов само немир и збунетост.

Резултатот од јога-практиката е пронаоѓање една убава вистина, која можам да кажам дека е во сите нас. Вистината е многу блиску, не е во книгите, но потребно е само верувањето и љубовта кон спознавањето на самите себе и околината. Потребно е мало работење, повлекување кон себе, чувствување на дишењето, и не давајќи значајност на мислите, едноставно уживаш во себе. Постепено се развива сè друго што е потребно и се развива толку совршено.

Претходно работите ги доживував многу стресно, се плашев од некои работи, но нивото кое стапи во мене не дозволува да излезам од таа мирна состојба. Едноставно, работите ги гледам поинаку, ги доживувам и разбирам, а порано можеби ги знаев, но не успевав да ги сфатам.

Физичките вежби се толку пријатни, што такво движење и масажа немав почувствувано, иако бев активна во некои спортови.

Практично, променив многу работи: да не реагирам непромислено, да ги разбирам другите, да помагам, а сето тоа да не ми создава непријатност, напротив, се чувствувам убаво. Порано не можев да ја постигнам посакуваната хармонија, поврзаноста со динамичната работа штетно ми влијаеше на психичкото здравје и се чувствував уморно. Сега уживам во она што го работам, по професија сум медицинска сестра, мислам дека имам во себе еден извор на љубов, несебичност и голема сила.

Сепак, не можам да го опишам сето тоа, но советувам секој да проба. Жално е кога некој е толку далеку од себе и гледа само на материјалните страни и се вљубува во нив.
И понатаму сакам да практикувам јога, бидејќи ми е потребна. Му благодарам за сето ова на Центарот за јога и личен развој.

28.11.2009