http://yogacentar.org.mk/components/com_gk2_photoslide/images/thumbm/8542221.jpg http://yogacentar.org.mk/components/com_gk2_photoslide/images/thumbm/1444252.jpg http://yogacentar.org.mk/components/com_gk2_photoslide/images/thumbm/5337873.jpg http://yogacentar.org.mk/components/com_gk2_photoslide/images/thumbm/8627714.jpg
Почеток Настани Рафаела Мајана Ромиери

Рафаела Мајана Ромиери

Share

ВРАЌАЊЕ ВО СВОЈАТА

ИЗВОРНА ЦЕЛОСНОСТ преку

ЧЕТИРИТЕ НАЧИНИ НА ДЕЈСТВУВАЊЕ

Дводневен семинар за длабока имагинација

21-22.05.2011

Скопје (Центар за јога и личен развој)

Под водство на Рафаела Мајана Ромиери, Австрија

2Како го восприемаме и сознаваме светот во и околу себе? Нашите мисли, сетилата, чувствата, имагинацијата – тоа се четирите начини на кои го остваруваме контактот со светот, со себе, со својата внатрешност, потсвеста и – својата целосност. Веројатно имагинацијата и соништата доаѓаат од „исто место“ – од нашата потсвест. Сигмунд Фројд вели дека „соништата се кралскиот пат до несвесното“. А имагинацијата? Се уверив дека имагинацијата и нејзиното „повикување“ на содржините од потсвеста, претставува, и тоа како – голем предизвик. Тргнав и јас на патување во и со имагинацијата. Во потрага по некоја моја внатрешна „приказна“,слика, заборавена миризба...

Во текот на двата дена на семинарот за длабока имагинација откривав како изгледаат моите мисли, што правам со својата тага, што сакам за себе, како да се разберам подобро и да ја пронајдам поддршката во себе. Кое е моето суштество, животно на моите емоции во кое имагинацијата ги проектира моите радости, тага, возбуда, желба?

Патувањето во својата душа секогаш е единствено, уникатно, скапоцено. Може да те натера да се смееш, да плачеш, да останеш зачуден пред себе, да го слушнеш својот внатрешен глас, кој е тивок, но со својата сила секогаш 2има одговор на некое прашање кое си го поставуваме сами на себе, решение на некој проблем и вистинска порака за себе – во вистинско време.

Мудроста во секој од нас до која може да се дојде и со чекорите на длабоката имагинација беше една заедничка цел на сите нас во групата што патувавме заедно. Само што тргнавме по различни патишта. Секој по својот пат.

Ќе ги паметам топлата и убава атмосфера за работа во групата, отвореноста за споделување на своите емоции и доживувањата со другите, поддршката и прекрасниот, професионален и непосреден пристап на Рафаела Мајана во водењето на групата во длабоката имагинација, но и во индивидуалната работа во рамките на групата. Се „запознавав“ со своите внатрешни доживувања, се сретнав и запознавав со животните од мојата имагинација, во кои се уверив дека лежи огромна енергија на мислите, чувствата, сетилата, имагинацијата. Сега сум сигурна дека секогаш се тука некаде во мене и дека можам да ги повикам и од нив да побарам помош, совет, идеја, инспирација, кога би се нашла пред некој животен предизвик или проблем, на пример.

Уште еднаш се уверив дека вакво патување е еден од најважните чекори што човек може да ги направ3и во својот живот, за да стане свесен за себе и својот внатрешен живот, за да се разбере

себеси, да ја најде поддршката во својот живот – во себе наместо во нешто надвор од себе; за да се почитува, за да биде отворен, спонтан, креативен и со насмевка свртен кон животот.

За вакво „полно“ искуство на длабока имагинација какво што понуди овој семинар сепак се потребни трпение, прифаќање на сите свои лични внатрешни искуства, како и свесност за потребата за лично растење и развој. Враќањето во својата изворна целосност преку четирите начини на дејствување, мора само да се доживее и искуси...


Сузана Тодоровска-Павлоска,

Психолог, психотерапевт, новинар

 5

Рафаела Мајана Ромиери е од Виена каде што одржува практика со длабока имагинација по методата на проф. Елигио Стивен Галјегос. Под негово водство и на Меѓународниот институт за истражувања на визуализацијата меѓу 2003 до 2010 г. поминала обука за водач по методата на длабоката имагинација т.н. ThePersonalTotemPoleProcess®и обука за одржување работилници.

Ја врши организациската работа за Стивен Галјегос и неговите групи во Австрија и соседните земји.