http://yogacentar.org.mk/components/com_gk2_photoslide/images/thumbm/8542221.jpg http://yogacentar.org.mk/components/com_gk2_photoslide/images/thumbm/1444252.jpg http://yogacentar.org.mk/components/com_gk2_photoslide/images/thumbm/5337873.jpg http://yogacentar.org.mk/components/com_gk2_photoslide/images/thumbm/8627714.jpg
Почеток Настани ОСНОВИ ЗА ЗДРАВО И СРЕЌНО ЖИВЕЕЊЕ НИЗ ПРИЗМАТА НА ПРАВИЛАТА НА ЈАМА Неповредување, вистинољубивост...

ОСНОВИ ЗА ЗДРАВО И СРЕЌНО ЖИВЕЕЊЕ НИЗ ПРИЗМАТА НА ПРАВИЛАТА НА ЈАМА Неповредување, вистинољубивост...

Share

 

Еднодневен семинар
29.03.2008
Скопје  (Карате клубот Работнички)
Под водство на Весна Алексовска

Позитивните животни принципи во јогата не се нешто што се наметнува вештачки однадвор, како некои правила кои не смееме да ги прекршиме бидејќи ќе бидеме осудени. Тие не постојат за да влеваат страв во нас и чувство на вина, туку да нè направат посвесни за нас самите, за тоа како работите се одвиваат зависни едни од други, да ни помогнат да видиме дека имаме одговорност за сопствените мисли, чувства и постапки. Дека она што го правиме води кон нешто. Јама има улога да нè заштити од последиците на нашите дела.

Беа продискутирани петте правила на јама кои препорачуваат да одбегнуваме повредување, нанесување на болка, да не ја извртуваме вистината, да не сме лакоми, ненаситни и да не им го одземаме на другите она што ним им припаѓа, да не собираме непотребни работи кои ни ја отапуваат свеста за она што е важно во животот, ослободување од опсесијата за сексуален контакт но не и негово потиснување. Овие принципи за оние што чувствуваат желба духовно да се развиваат се како внатрешна потреба, бидејќи се во согласност со чистата духовна природа што ја имаат во себе.

yama

Согледавме дека правиме помали или поголеми престапи зашто не го знаеме редот по кој функционира Универзумот и нашето место и улога во него.
Тие ни помагаат да одржиме психички мир, да имаме подобра концентрација и креативни способности зашто се ослободува енергијата од негативните емоции, да развиеме позитивни ментални ставови, но што е уште поважно да ги разбереме своите грешни постапки и да ги исправиме. Овие правила ја добиваат својата вистинска димензија кога се неусилено присутни во нашиот живот, кога од правила стануваат квалитети на нашата личност, на нашите односи со нас самите и со надворешниот свет.