Share
untitled1 Mediumi
Јога во 5+ со Петко и Мина
plakat

8ka b_small

 
Почеток Искуства

ВЕЖБАЈТЕ ЈОГА ЗА ДА БИДЕТЕ СВОИ

Share

Вања Ичкова, (21 год) студент по медицина

Сакам да ви напишам како ми е, но зборовите се толку едноставни кога се читаат, а овие чувства треба да се доживеат.

Ех, само да можам да ви пренесам колку силно и убаво свети сонцето од кога вежбам јога! Тоа цело време светело ... ама кој да го види J. За мене до тогаш беше: „Еи..., колку  е топло, многу пече!“ А денес таа топлина ми ја обвива душата велејќи ми „Добро ни дојде во новиот ден, и овој ден е нова надеж, нова можнност, искориста ја!“.

Вежбајќи јога научив како да не си го трошам времето преповторувајќи си работи кој поминале, низ умот, само затоа што јас сум лута на нешто што се случило или некој ме изнервирал. Едноставно прифаќам и разумно решавам што понатаму.
Применувајќи го овој пристап, после некое време едноставно забележав дека јас повеќе не се нервирам за нешта кои претходно ме ваделе од кожа. Согледав дека сум се ослободила од насобраната лутина која се хранела со повторното и повторното поминување низ моите мисли.

Со тек на време се стекнав и со способност да не мислам не ништо и само да се релаксирам и опуштам кога јас ќе одлучам така. Тоа одлично ми доаѓа кога сакам да се одморам од учењето, а беше невозможно да го замислам тоа предходно. А од друга страна кога учам да можам да се концентрирам одлично без да ми бега вниманието.

А вежбите се толку едноставни. На часовите додека ги вежбам тие ми се раздвижуваат телото и се чувствувам освежена и полна со енергија. Воедно, преку техниките за медитација на директен начин се откривам себеси, своите внатрешни содржини, своите потенцијали... Откривам што всушност барам од надвор, од животот, од луѓето и уште поважно откривам каде навистина можам да го најдам тоа што го барам надвор... откривам дека тоа што го барам е веќе тука, внатре во  мене.

Ете сето ова е само еден дел од моето искуство со јога досега, кое допрва ќе кулминира зошто на спокојството, насмевката и задоволството едноставно и нема крај.
На сите најтопло и од срце ви порачувам: Вежбајте јога за да бидете свои, за да бидете среќни, храбри, спокојни и задоволни од себе.

18.03.2010