Share
untitled1 Mediumi
Јога во 5+ со Петко и Мина
plakat

8ka b_small

 
Почеток Искуства

МИГОТ – ВЕЧНОСТ

Share

 

Ѓоко Здравески, (24 год.) книжевник

Со јога се занимавам доста кратко време, но се чувствувам како цел живот да сум бил таму. Ви се случило некогаш да прочитате некои волшебни стихови, некоја мудра мисла или некој луциден краток расказ и да си кажете: „Ова е тоа! Ова е тоа што и јас сакав да го напишам.“? Отприлика така изгледаше мојот прв допир со јогата – сфатив дека долго време сум живеел со неа, а не сум бил свесен. По кратко време си реков: „Ова е тоа! Ова се моите стихови! Ова е мојата мудра мисла! Мојот расказ. Цело време ова сакав да го кажам.“
Работите се сменија без мое знаење.
Немирот стана тишина. Предрасудата – разбирање. Презирот – искрена насмевка. Мигот – вечност.
...
И најважно од сè, сето тоа стана – љубов.
Убајни е животов!

01.12.2009