Share
untitled1 Mediumi
Јога во 5+ со Петко и Мина
plakat

8ka b_small

 
Почеток Искуства

ВНАТРЕШЕН И НАДВОРЕШЕН БАЛАНС

Share

 

Оливера П., (33 год) правник

Со јога се занимавам веќе 6 месеци. Тоа што ме привлече кон јогата беше информацијата дека преку неа се постигнува внатрешен и надворешен баланс на телото и духот. Мене ми беше потребно токму тоа. Позитивните резултати од практикувањето на јогата ги почувствував неочекувано брзо. Иако вежбите што се изведуваа на часовите ми делуваа комплициранo, се изненадив со колкава леснотија ги изведував.

По изведување на секоја асана научив да го почуствувам пријатното дејство на истата. Преку нив самото тело ми зајакна, а умот ми се освежи. Имено, со релаксацијата се ослободувам од затегнатоста што ја чуствувам на одредени делови од телото. Научив да откријам каде е потребно да се сконцентрирам за да се опушти телото и да почувствувам олеснување. Исто така, преку медитацијата увидов дека може да се насочат мислите, да се контролира нивниот тек со малку поголема концентрација, барем додека трае медитацијата, а со тоа и да почувствувам внатрешен мир.

Од овие причини сметам дека во секојдевниот живот навистина е потребно да ја применуваме јогата како механизам, како алатка, која од одамна ни стои на располагање, која треба да ја проучиме и понатаму да ја користиме заради подготвување, зајакнување и одбрана на личноста и на телото од секакви непријатности.

19.11.2009