ТИШИНАТА –звукот на внатрешното битие
Секој кога ќе посака да се одмори, психички да се растовари и да најде мир, единствено што бара е тишина. Бидејќи ние ...
... функционираме како отворен енергетски систем, кој споделува и заемно си влијае со околината, за да најдеме внатрешен мир прво ни е потребна тишина во надворешната средина.
Карактеристика на човечкиот ум е постојано да работи и да создава внатрешни бранови во форма на мисли, кои пак, активираат чувства и тие автоматски си се надоврзуваат едни на други. Бидејќи во градовите живееме сред динамична средина, опкружени со прометни улици, со врева од околните станови и куќи, со постојани звуци и вибрации од мобилните, телевизорите и од што уште не, не забележуваме колкава е активноста на умот. Само кога со намера ќе седнеме во тишина и мир, ќе забележиме колку ни е умот активен и немирен и колку е навикнат да е во таа состојба на постојано брборење. |
|||
![]() |
Секој кога ќе посака да се одмори, психички да се растовари и да најде мир, единствено што бара е тишина. Бидејќи ние функционираме како отворен енергетски систем, кој споделува и заемно си влијае со околината, за да најдеме внатрешен мир прво ни е потребна тишина во надворешната средина. |
||
Умееме ли да останеме во тишината? Се уште не сме научиле – суштинското можеме да го допреме само во тишината. |
|||
Тишината се наоѓа под површниот слој на секојдневниот ум, под слојот на површните мисли, концепти, преокупации, конфликти, очекувања, амбиции, аверзии, врзаности, стравови. Во тој бучен слој на нашиот ум, иако се обидуваме, не можеме секогаш и лесно да ги согледаме работите. Таму ни се чини дека работите се „такви“. Кога остануваме само во ова ниво на нашиот ум, нормално е понекогаш да се почувствуваме збунети, тешки, загубени и празни, зашто сме го запоставиле духовното, веројатно затоа што никој не ни укажал дека тоа е важно. Но животот, како што е устроен, ќе најде начин повторно да не врати кон духовното.
Во практиката на јога развиваме соодветен однос кон своето духовно битие. За да допреме до него, потребна е тишина. Не толку надворешна колку внатрешна. Би помислиле дека надворешната тишина, околната мирна атмосфера е условот за понирање во себе и за внатрешна комуникација, за престојување во себе, за чувствување на она што се случува во нас, за осознавање на самите себе. |
![]() |
||
Но тишина значи умот да не се впушта во давање коментари и судови, внатрешно да не брбори, да не одговара импулсивно на надворешните дразби. Место тоа, да е буден, спокоен, утврден во моментот, тука и сега. Таа внатрешна тишина може да се опише и како будна присутност. Како состојба на наслушување. |
|||
![]() |
Не е лесно да се постигне и да се одржи ментална тишина кога веќе со години сме го тренирале умот да функционира на спротивен начин. Во нас е длабоко вкоренета таа шема на дејствување. Навикнати на тоа, така функционираме секогаш, па дури и кога се рекреираме и одмораме. Често во моменти на одмор телевизорот или музичкиот систем ги оставаме вклучени, не ги следиме, но нивната врева ни е потребна. Штом нешто е подложно на влијание и на навика, има простор да размислуваме за негово преиначување и трансформација. Прво треба да сфатиме дека нештото го правиме од навика, дека тоа не е еднаш засекогаш дадено да биде така. Се што ни е на располагање во животот е подложно на промена, колку и да ни изгледа дека се е цврсто и трајно. Значи, во многу работи можеме да се „истренираме“, да се пренавикнеме, но само ако го знаеме начинот и имаме решителна истрајност и вера дека ќе успееме. |
||
Јогата со сигурност е еден од начините, кој низ вековите ја докажал својата ефикасност. Со неа можеме да ја најдеме смислата на тишината, умот полека ќе ја усвои таа состојба да седи во мир и тишина и тогаш ќе се почувствуваме себеси дека сме тука, дека дишеме, дека постоиме. |
|||
Кога одиме на часот по јога, вревата не треба да ја донесеме во просторот за вежбање. Не треба да брбориме за неважни работи, не треба да мислиме дека комуникација е само зборување со другите, што било, само да не молчиме. Кога доаѓаме на час по јога, умот треба да го ослободиме од кругот на исцрпувачката ментална брбливост. Нашиот креативен потенцијал е во внатрешната тишина. Кога умот е во длабока смиреност, прибраност, со јасна идеја и насоченост кон таа идеја, се ослободуваат и протекуваат креативните сили во создавачки чин, и произлегуваат чинови, дела во кои има „душа“, во кои има енергетски потенцијал. |
![]() |
||
Тишината е моќна. Се е создадено од тишината. |
|||
![]() |
Тогаш постигнува прибраност и присебност без кои не може да произлезе ниту едно вистинско дело. Тоа треба да личи на „намерна“ потонатост во својата работа, во која „ненамерно“ се оди во пресрет на моментот кога делото Ќе се оствари само од себе. Големиот Рамана Махариши во една своја книга за тишината напишал: Подучувањето во тишина е највисокото подучување, како што правел Дакшинамурти. Тоа е највисокиот, најсовршениот вид иницијација. Таа го прочистува поединецот во секој поглед и го стабилизира во Стварноста.
Весна Алексовска |