Чудесните пораки од водата
Светот во кој живееме е чудесен. Штета што сме наштимани да го гледаме обично, како веќе да го знаеме. Покрај духовните практики, кои ни ги отвораат очите и ни ја подигнуваат свеста за да се видиме себеси и постоењето потполно, и работата на научниците и истражувачите оди во прилог на тоа да се спознае светот подобро. |
|||
Водата реагира на мислите |
|||
Неговите интересни сознанија можеме да ги искористиме во своите животи за да имаме придобивка од позитивната вибрација, која може да ни ги подобри односите, комуникацијата и здравјето. Водата е изворот на севкупниот живот на оваа планета и нејзиниот квалитет и интегритет се суштински значајни за сите форми на живот. Нашето тело кое личи на сунѓер е составено од трилиони единици наречени клетки. Тие во себе содржат течност, а квалитетот на нашиот живот е директно поврзан со квалитетот на таа вода. Водата е супстанција која лесно ја менува својата форма. Таа ја зазема физичката форма на средината во која се наоѓа, но, како што покажуваат истражувањата на Емото, енергијата или вибрациите од околината можат да ја променат молекуларната структура на водата. Значи, водата не само што има својство визуелно да ја одрази околината туку ја одразува и молекуларно, преку својата структура. |
|
||
Кристалите на Емото Д-р Емото има направено илјадници фотографии на кристали од замрзната вода. Тој открил фасцинантни разлики во кристалната структура на водата земена од различни извори и состојби во кои таа се наоѓа на планетава. Водата од чистите планински потоци и извори има убаво формирани геометриски кристални форми. Загадената и токсична вода од индустриските и населените места и застојаната вода од водоводната мрежа и браните формира кристали чија структура е видоизменета. |
|||
1
![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
1)Водовод на Лондон; 2)Водовод на Париз; 3)Глечер во Нов Зеланд; 4)Езерото Maggiore во Швајцарија; | |||
Но тој не фотографира кристали само од примероци на вода од различни извори. Тој со соработниците на стаклени шишиња ставале налепници со печатени зборови, за да видат како влијаат мислите и зборовите врз формирањето на водните кристали. Водата од различните шишиња била замрзната и фотографирана. Кристалите што ги забележал потоа ни откриваат чудесни разлики. |
|||
Овие фотографии ја покажуваат неверојатната природана водата, која има висок степен на одговор на секоја наша емоција и мисла. Прилично е јасно дека водата лесно ги прима вибрациите и енергијата од својата средина, без разлика дали е токсична, загадена или природно чиста. Д-р Емото ни покажа дека нашите мисли и чувства се совршена алатка. Ни даде докази дека можеме да се лекуваме и трансформираме себеси и нашата планета на позитивен начин со помош на мислите кои избираме да ги мислиме и да ги насочуваме. Кога одредена вода ќе биде изложена на позитивен збор како што е Благодарам, и примерок од истата вода изложена на негативен збор како Глупав, двата примерока на вода ќе формираат различни кристали. Кристалот на Благодарам е правилен и убаво формиран, додека на кристалот на Глупав е деформиран и скршен. Енергијата на зборовите се рефлектира на формирањето на кристалите, и тие се прекрасни или неугледни и грди. |
![]() ![]() ![]() |
||
„Глупак“
|
„Ти благодарам“
|
||
Прекрасни кристали се формираат кога на водата ќе и се стави налепница со позитивни зборови како љубов, вистина, хармонија, ангел, сочувство, среќа, пријател, вечен, надеж. Или кога тие зборови ќе и се кажуваат на водата. |
|||
Или Ти си прекрасен, Ти си убава, Добро направи. Потоа кога и се упатуваат молитви, кога и се читаат будистички сутри и сл. Кога користеле исти зборови на различни јазици, бидејќи зборовите имаат различна вибрација, формираат различни убави кристали. Прекрасни кристали се формираат кога и се ставаат налепници со имиња на свети луѓе. Потоа, кога водата била изложена на музика од Бах и Моцарт, на пример. |
|
||
Кристал на вода со порака „ Ми се гади од тебе, ќе те убијам“
|
|||
Шестаголна структура |
|||
![]() |
|||
Тој објаснува дека структурата на целата еволуција во природата, од информативна гледна точка, се засновува врз шестаголната форма. Причината за формирањето на шестаголната форма бездруго е поврзана со хемиските реакции на прстените на бензенот. Верува дека сите нешта на кои им недостига шестаголната структура (нештата кои се вештачки создадени), не се во согласност со законите на природата и содржат деструктивни вибрации. | |||
1
![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
1) Хитлер; 2) Надеж; 3) Хевиметал музика; 4) Љубов;
|
|||
Љубов и благодарност |
|||
Не е доволно само едното од нив. Љубовта треба да се засновува врз благодарност, а благодарноста врз љубов. Овие два збора заедно ја создаваат најважната вибрација. Знаеме дека водата се опишува како H2О. Ако љубовта и благодарноста ги гледаме како пар, благодарноста е H а љубовта е О. Водата е основата која не само што го поддржува туку и го овозможува постоењето на животот. Според моето разбирање на концептот на јин и јанг, на истиот начин како што постојат едното О и двете H, нам исто така ни треба еден дел од јанг/љубов и два дела од јин/благодарност, со цел да постигнеме еднаквост на равенката. Љубовта е активен збор, а благодарноста пасивен. Кога помислувате на благодарност, комбинација од почитување и заблагодарување, постои еден извинувачки квалитет |
|
||
Јапонскиот збор за благодарност е кан-сха, и се состои од два кинески знака: кан, што значи чувствување и сха што значи извинување. Ако одам чекор или два наназад, можам да речам дека тој потекнува од почит и восхит. Верувам дека љубовта што доаѓа на ваков начин е најдобрата љубов, и дури може да води до крај на војните и конфликтите во светот. |
![]() |
||
1 |
|||
Кристали на вода која била поставена на фотографии од слон и зен манастир.
|
|||
Најискрено се надевам дека овие информации ќе ве мотивираат да внесете значајни промени во својот живот.” |
|||
Весна Алексовска
|