Share
dobro za_MKD
„Кажи и направи нешто
добро за Македонија“
 
Share
untitled1 Mediumi
Јога во 5+ со Петко и Мина
plakat

8ka b_small

 
http://yogacentar.org.mk/components/com_gk2_photoslide/images/thumbm/8542221.jpg http://yogacentar.org.mk/components/com_gk2_photoslide/images/thumbm/1444252.jpg http://yogacentar.org.mk/components/com_gk2_photoslide/images/thumbm/5337873.jpg http://yogacentar.org.mk/components/com_gk2_photoslide/images/thumbm/8627714.jpg
Почеток Часови
Share

ПРОГРАМА НА ЦЕНТАРОТ

Откријте нов начин да го живеете животот!    

КУРСЕВИ ЗА ЈОГА

Одбирајќи да посетувате часови по јога вие сте решиле на својот живот да му дадете позитивна насока. Ви честитаме!

ПРЕПОРАКИ ЗА ЧАС ПО ЈОГА

• Дојдете десетина минути пред почетокот на часот

  • •Носете простирка за вежбање

• Носете комотна, лесна и чиста облека

• Пријавете се за евиденција пред часот

• Ако задоцните почекајте пред салата да помине подготовката за часот

• Во просторот за вежбање не влегувајте со обувки

• Препорачливо е да не јадете обилно барем 3 часа пред вежбање

•Ако имате здравствени проблеми кажете му на наставникот.


ЈОГА-НИДРА

Овие термини може да ги посетувате редовно или повремено, независно дали вежбате јога или не. Може да ја прават сите, почетници и напреднати во јога. Наменета е за ослободување од стрес, напнатост и замор, но и за подлабоко доживување на себеси низ спонтано навлегување во подлабоките слоеви на свеста. Вклучува и визуализации и всадување намера (санкалпа) во својата подсвест, како семе за трансформација. Ќе бидете водени во текот на цела нидра (околу 45 минути). Се изведува од лежечка положба, затоа ви е потребна прекривка да се покриете. Се одржува секој петок од 20.30-22.00, а за да учествувате најавете се минимум 3 часа однапред на 075 55 45 86.


ДЛАБОКА ИМАГИНАЦИЈА

Овој метод на длабока имагинација (The Personal Totem Pole Process©) на проф. д-р Стивен Галјегос (САД), од 2010 г. се применува и во Центарот за јога и личен развој во вид на индивидуални сесии и семинари.

Длабоката имагинација е една од најмоќните алатки која може да ве врати во состојба на слободно, природно течение на вашата животност, вашите чувства, се до повратување на вашата целост, интегритет. Таа во нас се одвива спонтано, има свој правец, своја интелигенција. Во медитациите, кои проф. Стивен ги нарекува внатрешни патувања, се поврзувате со внатрешните слики, ги контактирате со одредени прашања и тие почнуваат да се менуваат давајќи ви одговори и мудри совети. Ако им дозволите ќе вè однесат до исцелување, разрешување на тагата, стравот... со кои се борите цел живот. Ќе најдете поддршка и пријател во себе.

Индивидуалните термини траат минимум еден час, а ги води Весна Алексовска која има огромно искуство во процесите за лична трансформација.

 

РЕИКИ ТРЕТМАНИ

Реики е универзална витална енергија која делува како безусловна Љубов, а третманот се состои од положување на дланките на одредени позиции на телото и трансфер на таа енергија. Ова е пријатен метод за исцелување со длабок прочистувачки и ревитализирачки ефект на енергијата, умот, телото, емоциите и духот. Бидејки реики е интелигентна енергија делува секогаш онаму каде примателот има најмногу потреба. Трае еден час. Термин се закажува кај Весна Алексовска на 075 55 45 86.


АЈУРВЕДСКА РЕЛАКСАЦИОНА МАСАЖА

Оваа масажа е дел од начините на кој ајурведата го доведува човекот во потполн баланс.

Таа е составена од хармонични движења со кои се масира буквално целото тело.         

При масажата се користат масла кои се направени на природна основа.

Ефекти: овозможува релаксација, циркулација и ослободување од токсините. Го зајакнува имунолошкиот систем, ја намалува нервната напнатост, го подобрува спиењето го потикнува правилното циркулирање на енергијата. Трае еден час. Термин се закажува кај Митко Ѓорѓиевски на 075 35 44 92.

Share
misla
Прави им го на другите она што сакаш да ти го прават другите на тебе.
 
Share
prikazna

Еднаш една птица слетала на јарболот на некој брод. Кога бродот испловил и запловил во темните води на океанот, птицата тоа не го ни забележала.

Повеќе>>      

 
Share
asana
Вежби за истегнување на
телото кон назад.

Повеќе>>