Share
dobro za_MKD
„Кажи и направи нешто
добро за Македонија“
 
http://yogacentar.org.mk/components/com_gk2_photoslide/images/thumbm/8542221.jpg http://yogacentar.org.mk/components/com_gk2_photoslide/images/thumbm/1444252.jpg http://yogacentar.org.mk/components/com_gk2_photoslide/images/thumbm/5337873.jpg http://yogacentar.org.mk/components/com_gk2_photoslide/images/thumbm/8627714.jpg
Почеток За нас

За нас

Share

Здружението на граѓани Центар за јога и личен развој е непрофитна и невладина организација која е формирана со слободно здружување на граѓаните за остварување на следниве цели и задачи:

  • примена на јогата и другите слични дисциплини како методи за личен развој на поединецот во насока на подигнување на квалитетот на неговото живеење и развивање на неговите физички, ментални, психички и др потенцијали,
  • да ја поттикнат заинтересираноста за јогата и личниот развој кај припадниците од различна возрасна, полова, етничка, религиозна и друга припадност,
  • да овозможат примена на јогата за превентивни, терапевтски и рехабилитациони цели во образованието, медицината, спортот и др слични сегменти во опшеството,
  • да работат на градење на културата за јога и слични дисциплини за личен развој
 


Центарот за јога и личен развој своите цели ги реализира преку
следните активности:


 
· почетни, средни и напредни курсеви,
· специјализирани курсеви за деца,
· пренатална и постнатална јога,
· терапевтски курсеви: астма, `рбетни деформации и др,
· јога за спортисти,
· јога за лица во трета доба,
· индивидуални часови,
· работилници, предавања, семинари,
· издава брошури, проспекти и сл,
· активности од реакреативен карактер: излети во природа, патувања и сл,
· Соработка со владини и невладини организации, институции и здруженија од научен, спортски, културен, медицински, воспитно-образовен и сл карактер.
 
 

Јога инструктор Билјана Павлова

Со јога се занимава непрекинато од 2000 год., првите почетоци со јогата се во тогашниот Јога сојуз на Македонија т.е. Јога друштво Скопје.

Редовна посета на семинари за јогиската философија, практика и медитација.

Во 2003 учество на семинар за бремени жени во Јога центарот во Тафталиџе, Скопје, под водство на д-р Фредерик Лебоаје, гинеколог од Франција, познат по неговата книга „Раѓање без насилство“ во организација на Јога Сојуз на Македонија.

Во 2004 во Јога центарот во Тафталиџе, Скопје, семинар на тема јога за хармонична бременост и природно породување под водство на Ирена Едровска, учител по јога, која живее и работи во Атина, Грција во организација на Јога Сојуз на Македонија.

Продолжува со својата континуирана пракса и желба за поголемо проникнување во јогата и учествува на јога семинари и медитации во Јога центар Тафталиџе – Скопје во 2007 година.

Од 2009 година е дел од наставниот кадар во Јога центар Тафталиџе под водство на Лидија Георгиева и нејзината обука започнува како демонстратор на јога часовите.

Од 2007 до 2009 е учесник на семинарите за Ајурведска масажа и исхрана под водство на Габриело Фереро експерт за Ајурведа, холистичка медицина и натуропатија од Италија.

Во текот на летото во 2011/2012 држи јога часови во кампот Шимуни, на островот Паг.

Од 2012 започнува со водење на јога часови во спортското студио Топ Форма.

Од 2013 до 2017 работи како јога инструктор во Јога центар Тафталиџе и истовремено држи часови по јога во спортското студио Топ Форма, Спенс Модерна и СЦ Јане Сандански.

2010/11 и 2012/13 учество на 6 дневни јога семинари под водство на Кармен Орнелас-Кали во организација на здружението Јосум во Малага, Шпанија; Атина, Грција; Амстердам, Холандија.

2016/17 учество на јога семинари под водство на јога учителот Ирена Едровска на островите Егиа и Евиа во Грција.

2016/17 учество на часовите за Јога нидра под водство на јога учителот Весна Алексовска

2018 учество на обука за јога инструктори 200 саати во Јога центар Садана под водство на Марија Сиљаноска Михајлоска сертифициран јога наставник од Меѓународниот Јога Сојуз и стекнување на Сертификат за јога инструктор од 200 саати.

Од септември 2017 продолжува со самостојно водење на јога часови во населбата Аеродром.

Од јануари 2019 го превзема и продолжува со водење на јога часовите за средно-напредни групи и е коосновач на Центар за јога и личен развој.

Во јуни 2019 одржува тродневен јога семинар во хотел Рот, с. Коњско, Преспа на тема Енергетското тело на човекот.

Голема благодарност на сите учители на мојот духовен пат, посебно благодарност за поддршката на Ирена Едровска, а особена голема благодарност на Весна Алексовска за изразената доверба за продолжување на нејзината работа со Центарот за јога и личен развој.

Дипломиран филолог по германски јазик и книжевност.

 
 
 
Share
misla
Прави им го на другите она што сакаш да ти го прават другите на тебе.