Почеток Имагинација Работилница за жени

Работилница за жени

Share

Најава за работилница за длабока имагинација

"ЖЕНСКИ РОД - ВРАЌАЊЕ ДОМА,

ВО ЈАДРОТОНА СВОЈАТА ДРЕВНА ЖЕНСКОСТ"

под водство на Рафаела Мајана Ромиери

18-19.10.2014, Скопје

  __

 

Си се почувствувала ли некогаш отфрлена и осамена; или виновна кога во животот ти се случувало нешто прекрасно? Како да не си го заслужувала тоа? Или, си се прашувала зошто е толку тешко да си го прифатиш сопственото тело? Вклучувајќи ги и циклусните промени кои понекогаш ти предизвикуваат болка и депресија...

Како жени ние носиме долга историја што ни е пренесувана низ генерациите женски претци. Низ вековите жените требаше да ги следат правилата донесени од патријархалната средина. Не е ни чудо што релацијата меѓу мајките и ќерките е често оптоварена од старите сенки што потекнуваат од минатото.

Но што ако можеш да стоиш длабоко втемелена во својата мистична древна животност (aliveness), способна да имаш длабоко чувство за себе си? Без да се судиш, само да бидеш со она што доаѓа, давајќи му простор на својот моќен проток на енергија што ја образува твојата животност.
Да се прегрнуваш себе си каква што си, вклучувајќи ги и делови од себе што не ти се допаѓаат, или конечно дозволувајќи си да ги чувствуваш дури и оние чувства што се обидуваш да ги избегнеш целиот живот.
Да ја доживуваш длабоката мирна енергија во себе без да сакаш нешто да промениш.
Што ако го можеш тоа?

На оваа работилница ќе бидеш поканета да ги преземеш првите чекори кон оваа визија. Со патувањата во својата длабока имагинација ќе ја повикуваме својата внатрешна дива жена која ќе нѐ придружува во текот на целиот викенд. Таа знае што ни е потребно да се излекува и ќе ни помогне да растеме надвор од нашите ограничувања.
Ќе ги истражуваме корените на нашата женскост правејќи патувања во нејзините различни аспекти, вклучувајќи ја и својата матка, длабок моќен центар на нашето мајчинство, особено во однос на нашата способност да бидеме добра мајка за самите нас.

Ќе откриеме дали сѐ уште носиме енергии кои не се наши и се подготвени да се вратат кај оној  на кој му припаѓаат.
Ќе има многу простор да се справиме со сите чувства кои може да се појават, особено оние тешките, како тагата, срамот, стравот или болката Секое од овие чувства е чиста енергија, која сака да тече низ нас. Тие чекаат на нас целосно да ги прифатиме, така што ќе можеме да го собереме подарокот што тие го носат за нас: искуството да бидеме целосно живи со конечно напуштање на ограничувањата што ни се наметнати.

Внатрешните водачи сликите на животни, ликови, симболи... што се јавуваат во нашата имагинација, доаѓаат директно од енергијата на нашите чувства и тие точно знаат како можеме да учествуваме во сопственото исцелување. Додека нашето размислување главно завршува во бесконечното вртење во круг, животните дејствуваат на хумористичен и мајсторски начин помагајќи ни да ги надминеме пречките, со цел да го откриеме богатството скриено под нашите внатрешни одбранбени структури.

 

За учество на работилницата


Може да учествува секој бидејќи не е неопходно да се има претходно искуство во оваа техника. Но како подготовка, може да се закаже индивидуален термин во нашиот центар.

 

За пријавување ќе добиете информации на  075 55 45 86 и на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Најава за учество до 30 септември 2014, и пријавување најдоцна до 10 октомври.