Почеток Имагинација ВНАТРЕШНОТО ВОДСТВО ДО НАШАТА ЦЕЛОСТ

ВНАТРЕШНОТО ВОДСТВО ДО НАШАТА ЦЕЛОСТ

Share

eagle photo perch

ДЛАБОКА ИМАГИНАЦИЈА

Проф. Д-р Стивен Галјегос

Енергијата е нашиот потенцијал на живот. Колку таа тече послободно низ нас, толку сме поживотни. Енергијата во нас доаѓа од изворот на нашата живост, а таа е многу мистериозна, зад зборовите е, зад разбирањето, но истовремено е и нешто прекрасно.

Таа знае како да се создаде самата себе, одново и одново. Ние сме само патници низ таа животност. Таа е многу постара од нас. Има многу поголема интелигенција од нас, знае како да го создаде ова тело, кое ни еден научник не знае како да го направи. И ние во себе ја имаме целокупната моќ од сите различни тела низ кои поминала животноста.

Секој човек е уникатен, ти си уникатен и затоа вложи самиот за да го спознаеш тоа уникатно битие. Школувањето не’ научи само да имитираме, но кој си ти, која е твојата оригиналност? Какво е значењето на знаењето за тебе самиот во однос на школското знаење, кое се мери со повторување, со брзо и точно научување на податоци?

Како човечки суштества преокупирани сме со своето мислење и со создавање на концепти. Имаме создадено мапа на размислување за светот. Но мапата не е исто што и светот, таа само ни помага во светот. Мапата се состои од мисли и идеи, и претходни искуства. Во школо мапата ни се полни со секакви работи, каде повеќе внимание и’ се посветува на мапата, отколку на развивање на сопственото мислење.

Преокупирани сме со разбирањето и логиката - тоа ни се на прво место, а го исклучуваме тоа кои сме ние. На терапија ми доаѓаат луѓе кои ми викаат: „Чувствувам многу ми се плаче, а не разбирам зошто“. Но самото плачење знае зошто е таму, затоа треба да му се верува. Ако си дозволиме да плачеме, обично разбирањето ќе си дојде само по себе. Но не може да е обратно. Треба да разбереме дека разбирањето доаѓа од животноста, а таа е многу постара од разбирањето.

Имаме научено многу грешни работи за тоа кои сме ние. Длабоката имагинација може да ни го поврати тоа знаење. Во неа излегуваат сите научени концепти. Како на пример, плашењето да се свртиме кон себе, бидејќи сметаме дека тоа е страшно место. Може и има страшни работи, но сме научиле да бегаме од стравот, бегаме но тој е уште внатре. Но, ќе видиме дека е лесно да влеземе во стравот и да видиме што е тој страв. И тој ќе излегува слој по слој. Но има и други работи, многу убави, длабока љубов, силно чувство на тоа кои сме ние. Ние се откажуваме од сите тие убави работи само за да бидеме послушни и предадени ученици.

Сите ние сме имале различни чувства, но одеднаш сме почнале да се срамиме од нив. Се срамиме пред луѓе да не дадеме погрешен одговор. Од одговорите не треба да се срамиме. Да не знаеш не е страшно. Се’ делувало против нас, да не веруваме во себе и остануваме заробени во тој поларитет на знам и незнам.

Ние сме прекрасни суштества, но нешто не научи дека тоа што е внатре во нас е страшно. Јунг напишал книга (Црвената книга) за неговото искуство на влегување внатре во себе. Во неа тој пишува за внатрешното водство, за тоа кој е тој и што е животот.

ЗА ТЕХНИКАТА НАРЕЧЕНА ВНАТРЕШНО ПАТУВАЊЕ

Бидејќи уште како деца не’ научиле дека е важен „овој свет“, а не имагинацијата, уште рано сме ја затвориле вратата на имагинацијата и со тоа сме научиле да се сомневаме во себе.

Почнавме да мислиме дека проблемите што ни се наталожиле можеме да ги решиме само со мислење, но искуството покажува дека начинот за да разрешиме и да ги урамнотежиме енергиите е да поминеме низ сите тие искусени доживувања.

За да се ослободиме, одиме внатре по свој пат, низ својата патека на личните концепти. Затоа оваа техника ја нареков внатрешно патување. Во неа ќе сознаеме дека нашиот ум мисли, но внатрешноста знае точно.

За време на внатрешните патувања од нашата имагинација излегуваат слики. Тие се нешто што доаѓа од длабочината на нашата животност и се нашите внатрешни водачи кои не’ учат да се „одмрзнеме“, да се исцелиме за да може енергијата повторно слободно да тече во нас. За време на внатрешните патувања свеста треба да е подвижна и слободна како водата – која тече слободно и си го знае својот пат.

Кога ќе почнат да ни се појавуват внатрешни слики следен чекор е она што се јавува да го прифатиме и да комуницираме со него. Се’ што се јавува во мене, сето тоа сум јас – се’ да прегрнам. Многу рано во животот сме научиле некои делови од себе да ги отфрламе и да им се плашиме. Во внатрешните патување ќе ги спријателиме и прифатиме за повторно да ги добиеме тие делови од себе назад. Тоа ќе ја ослободи негативната енергија, а ќе остане само животноста.

Таа прастара животност во тебе е неверојатно интелигентна и креативна. И таа во некој момент ти се јавува како слика на животно, симбол, боја или друго суштество за да те придвижи или за да сфатиш нешто, да исцелиш. Тие димензии, помошници, се секогаш тука за тебе, те придружуваат. Тоа го сметам за единствено кај секого, и тоа секој треба сам да го открие. Секој открива за себе.  

Кога гледаме слики во патувањата, тие сакаат да ни покажат нешто. Тоа е говор на симболи, кој отпосле почнуваме да го разбираме. Не според тоа како некој друг толкува или сфаќа, туку ти треба да разбереш самиот. Прилагодувајќи им се на другите, земајќи го нивниот пример, ја губиме својата единственост. Тоа го „заработуваме “ во школо, каде ни кажуваат мора така да биде, мора така да направиш, никако поинаку. Имаме полицаец во себе кој ни дава наредби како треба да биде. А има огромно богатство кое чека да го истражиме.

На овој пат на самооткривање ни треба голема доверба и љубов за себе за да се откриеме. Неа ја бараме од другите луѓе, а ја имаме толку во себе. И се’ ни дава љубов, цвеќињата, природата, се’ ни вика „земи“.

Во себе имате огромна живост. Длабоко почитувајте се заради тоа кои сте. Длабоко почитувајте си ја својата имагинација затоа што може да ве врати на вашата целовитост.

Подготви: Весна Алексовска

 

Проф. Д-р Стивен Галјегос е психотерапевт од САД, кој е творец на методот на длабока имагинација (познат и како Тhe Personal Totem Pole Process). Во САД и Европа одржува семинари за примена на имагинацијата во духовниот развој и психотерапијата. На покана на Весна Алексовска гостуваше во Скопје и на 28-29 август 2010 одржа викенд семинар на тема:

ВРАЌАЊЕ ВО СВОЈАТА ИЗВОРНА ЦЕЛОВИТОСТ

ДЛАБОКА ИМАГИНАЦИЈА СО ЧАКРИТЕ (ЕНЕРГЕТСКИТЕ ЦЕНТРИ)

 

Информации на:

32 33 533; 075 55 45 86

logo   ЦЕНТАР ЗА ЈОГА И ЛИЧЕН РАЗВОJ

www.yogacentar.org.mk