http://yogacentar.org.mk/components/com_gk2_photoslide/images/thumbm/8542221.jpg http://yogacentar.org.mk/components/com_gk2_photoslide/images/thumbm/1444252.jpg http://yogacentar.org.mk/components/com_gk2_photoslide/images/thumbm/5337873.jpg http://yogacentar.org.mk/components/com_gk2_photoslide/images/thumbm/8627714.jpg
Почеток Настани СВЕТИТЕ МЕСТА

СВЕТИТЕ МЕСТА

Share

 

Еднодневен семинар и екскурзија
25.05.2008
Кокино
Под водство на Весна Алексовска
Стручно водство на локалитетите
Јовица Станковски

Полн автобус со озарени лица кои одвај чекаат да го видат Кокино. Тргнуваме рано за да имаме доволно време за сè што предвидовме. Сонцето нè следи во нашата убава намера.

И, прво посета на Народниот музеј во Куманово каде се сретнуваме со Јовица Станковски, директорот на Музејот и археологот кој ќе остане запомнет како пронаоѓачот на Кокино. Тој ќе нè води на ова патување низ времето. По разгледувањето на експонатите се упативме кон црквата Св. Ѓорѓи во с. Нагоричане. 
Седнати на скалите пред црквата, како дечиња кога слушаат басни, со внимание ги следиме исцрпните објаснувања на г. Јовица Станковски за споменикот, за значењето на нашето средновековно сликарство во релација со италијанската ренесанса...

kokino1

Разгледување надвор, фотографирање, а внатре можност за средба со мирот и спокојството впиени во ова духовно светилиште. На неколку стотици метри понатаму како сведок за духовните подвизи на светителот Прохор Пчињски е пештерата во која живеел целосно посветен на Бог.

kokino2


Патувањето кон Кокино нѝ откри дека тој регион е богат со археолошки наоѓалишта, со распон на постоење од 6000 години. И полека, се најдовме на подножјето на мегалитската опсерваторија. Собрани под драгоцените сенки, повторно го слушаме исцрпното објаснување на г. Станковски и одвај чекаме да се качиме на оваа митска света планина, да ги видиме маркерите во вертикалните карпи низ кои пред 4 000 години чекале да помине светлината на Сонцето и Месечината на изгревање, да го видиме тронот на кој владетелите ритуално се соединувале со Богот Сонце, да ја видиме земјата која се обожавала како утроба на Божицата Мајка. 
Горе, пределот те остава без здив и со целата енергија што местото во себе ја поседува сфаќаш зошто ова место го викаат Света планина. 


Продолживме на Пелинце.
„Со илјадници години луѓето одат на аџилак по светите места кои се благословени од концентрирана природна сила. Ширум светот има луѓе кои ја сметаат целата природа за света. За Индијанците, на пример, светите места помагаат да се достигне состојба на духовна поврзаност и хармонија помеѓу умот на човекот и космосот. Чувствувајќи го духот на природата, тие пронаоѓале места кои се најдобрите за потрага по визии, за одржување на церемонии или градење на астрономски опсерватории. Тоа го правеле и други луѓе, од други култури.

Отвореноста е став кој помага да се почувствува енегијата од светите места. Чувството на скромност, желбата да се влезе во „течението“ на духовноста на местото, им помогнало на голем број луѓе да имаат мистични искуства: допир од Светиот дух, чудесни исцелувања, искусување на чиста среќа, па сè до продлабочени согледувања на природата, на животот или на себеси, комуницирање со свети битија и напливи на креативна енергија и инспирација.

kokino3

Ако одредени места можат да предизвикаат состојби на духот, возвишени искуства важни за здравјето, благосостојба и креативност, тогаш можеме да сфатиме зошто тие места со текот на времето останале посебни и свети."
 
Освен светите храмови, цркви, реликвии, на предавањето кое се одржа на терените на Пелинце каде се одржа и практичен јога час и медитација, стануваше збор и за сè друго што луѓето денес и во минатото го почитувале како посебно благословено во овој чудесен свет.
На крајот, присутните, членовите на Центарот за јога и личен развој и Јога центарот - Тафталиџе, се вратија со насмевки и со светлина од светите места која останала на нивните лица. Од нив сега зависи дали ќе се потсетуваат дека божественоста е секаде, па и таму каде што ќе бидат самите.