ПОЗИТИВНИОТ УМ СТОЛБ ЗА СРЕЌЕН ЖИВОТ И ЗА ДУХОВЕН РАЗВОЈ
Дводневен семинар „Имав можност да присуствувам на овој семинар, кој се одржа во амбиент на прекрасна природа и пријатно друштво на предавачи и учесници. Организацијата беше одлична, но поважно е она што го слушнавме и почувствувавме, а тоа е една неизмерна одлучност, цврстина, желба, решеност да се даде на другите можност да го најдат својот пат.“ Предавања на В. Алексовска: „Моќта на мислите - Стануваме она што мислиме“ и „Работилницата на Лазар многу ме поттикна да размислам за моите постапки и реакции во односите со другите, беше одлично осмислено и реализирано, со голема љубов и посветеност. Практичниот дел кој вклучуваше релаксација, практични часови и медитации, прошетката до браната во мона (внатрешна тишина), медитацијата под необично ѕвезденото небо беа вистинско искуство на тоа што значи ослободен и позитивен ум, интегриран во природната хармонија на околината." „Таа нè воведе во еден свет во кој секој треба да размислува самостојно, а опфати многу други општествени аспекти од животот во врска со храната, за односот кон храната и како да постигнеме среќен и хармоничен живот. Нејзините излагања одлично се вклопија во програмата. Морам да кажам дека за цело време се чувствував среќна, смирена и опуштена. Што придонесе за тоа? Дружењето секако, близината со природата, медитациите, но секако и можноста да слушнеш дека постои решение за проблемите што ги имаш. Предавањата ни отворија нови перспективи, укажаа на правци кои треба да се сфатат и следат доколку сакаме да постигнеме внатрешен мир. Се отвори една надеж дека не е сè дадено засекогаш, дека можеме нешто да смениме во себе. Ни се дадоа насоки, поттик и желба да работиме на себе.“ |
||
Менче Пројкоска |