http://yogacentar.org.mk/components/com_gk2_photoslide/images/thumbm/8542221.jpg http://yogacentar.org.mk/components/com_gk2_photoslide/images/thumbm/1444252.jpg http://yogacentar.org.mk/components/com_gk2_photoslide/images/thumbm/5337873.jpg http://yogacentar.org.mk/components/com_gk2_photoslide/images/thumbm/8627714.jpg
Почеток Настани ПОЗИТИВНИОТ УМ СТОЛБ ЗА СРЕЌЕН ЖИВОТ И ЗА ДУХОВЕН РАЗВОЈ

ПОЗИТИВНИОТ УМ СТОЛБ ЗА СРЕЌЕН ЖИВОТ И ЗА ДУХОВЕН РАЗВОЈ

Share

 

Дводневен семинар
28-29.06.2008
Кочани (х. Градче)
Под водство на Весна Алексовска
Гостин-предавач д-р Јадранка Бибан
Низ очите на еден учесник:

„Имав можност да присуствувам на овој семинар, кој се одржа во амбиент на прекрасна природа и пријатно друштво на предавачи и учесници. Организацијата беше одлична, но поважно е она што го слушнавме и почувствувавме, а тоа е една неизмерна одлучност, цврстина, желба, решеност да се даде на другите можност да го најдат својот пат.“ 

Предавања на В. Алексовска: „Моќта на мислите - Стануваме она што мислиме“ и
„До трансформација со медитација“.

„По прв пат сум на еден ваков семинар и не е доволно да кажам дека беше прекрасно. Скромноста и љубовта со која професорката Весна ни ги отвораше срцата кон доброто беше многу силна. Воодушевена сум од длабочината со која продираше во проблематиката на она што се вика живот, комплексноста на феномените со кои се среќаваме во животот и што е најинтересно сето тоа кажано на еден обичен, едноставен и разбирлив јазик. Задоволство беше да се слуша секој збор кој беше кажан одмерено и вистинито што продира во свеста и нè тера да размислиме до каде сме дојдени во нашиот духовен развој.

Она што го слушнав тука, за мене беше големо откритие. Задоволна сум што видов дека има луѓе кои сериозно работат на себе, луѓе кои веруваат во она што го работат и со голема љубов тоа сакаат да им го пренесат на другите.“

Работилница на м-р Л. Ѓуров: „Емоцинална комуникација“ - Пречки во емоционалната комуникација, пристапи за правилно и непречено изразување и примање на емоциите и чувствата кај себе и другите.

„Работилницата на Лазар многу ме поттикна да размислам за моите постапки и реакции во односите со другите, беше одлично осмислено и реализирано, со голема љубов и посветеност.

Практичниот дел кој вклучуваше релаксација, практични часови и медитации, прошетката до браната во мона (внатрешна тишина), медитацијата под необично ѕвезденото небо беа вистинско искуство на тоа што значи ослободен и позитивен ум, интегриран во природната хармонија на околината."

Предавања на  д-р Ј. Бибан: „Исхраната и замката на задоволствата“ и „Како да се прилагодите на правилна исхрана без да ја вознемирувате околината“.

„Таа нè воведе во еден свет во кој секој треба да размислува самостојно, а опфати многу други општествени аспекти од животот во врска со храната, за односот кон храната и како да постигнеме среќен и хармоничен живот. Нејзините излагања одлично се вклопија во програмата.

Морам да кажам дека за цело време се чувствував среќна, смирена и опуштена. Што придонесе за тоа? Дружењето секако, близината со природата, медитациите, но секако и можноста да слушнеш дека постои решение за проблемите што ги имаш. Предавањата ни отворија нови перспективи, укажаа на правци кои треба да се сфатат и следат доколку сакаме да постигнеме внатрешен мир. Се отвори една надеж дека не е сè дадено засекогаш, дека можеме нешто да смениме во себе. Ни се дадоа насоки, поттик и желба да работиме на себе.“

Менче Пројкоска