http://yogacentar.org.mk/components/com_gk2_photoslide/images/thumbm/8542221.jpg http://yogacentar.org.mk/components/com_gk2_photoslide/images/thumbm/1444252.jpg http://yogacentar.org.mk/components/com_gk2_photoslide/images/thumbm/5337873.jpg http://yogacentar.org.mk/components/com_gk2_photoslide/images/thumbm/8627714.jpg
Почеток Настани МЕДИТАЦИЈА откријте ја внатрешната убавина и мир

Warning: touch(): Utime failed: Permission denied in /var/www/yoga/plugins/content/contentoptimizer.php on line 248

МЕДИТАЦИЈА откријте ја внатрешната убавина и мир

Share

Еднодневен семинар
30.11.2008
Скопје  (ОУ Б. Миладиновци)
Под водство на Весна Алексовска

Иако медитацијата е природна состојба таа често знае да ги збунува практикантите.  Тие често лутаат од една до друга медитација, пробувајќи да постигнат состојба која си ја имаат замислено и се прашуваат што всушност треба да прават во моментот додека седат да медитираат.
Прашањата што постојано ни се присутни се дали ја сфаќаме суштината на медитацијата, како треба да се прави, дали навистина медитираме или само седиме во некоја чудна положба, која е најдобрата медитација за нас и дали треба постојано да правиме иста медитација итн. 

На семинарот ги добивме одговорите кои ни беа потребни, дека таа е длабоко понирање во себеси каде единствено можеме да го пронајдеме вистинскиот мир и вистинската убавина. Го добивме и одговорот на тоа дали работиме правилно, но и дека со самото тоа што седнуваме да медитираме праваме нешто убаво и важно за себе.
За време на семинарот направивме две медитации и беше интересно да се доживее ново чувство, нов начин на кој може да дојдеме до поблиско чувство за нас самите, до себеси.
На предавањата имавме можност да поставуваме прашања во врска со медитацијата како и доживувањата. Беше интересно да се забележи дека секој на различен начин ја доживува, различно пристапува со различни пречки се среќава.
meditacija


Семинарот нé научи како да се подготвиме за медитација, да создадеме услови за неа, да одвоиме време, како да се концентрираме, како да пријдеме на тој чин, што е најважно кога ќе седнеме да медитираме. Беше укажано на пречките кои можеме да ги сретнеме при  медитацијата како на пример претставите или очекувањата што ги имаме.
Беше тоа одлична прилика да научиме и сфатиме многу работи кои имаат директно влијание врз нашиот живот. Да ја разбереме природата на умот, како да му пријдеме, како да го контролираме него а не тој нас зашто ние не сме умот туку повисоката свест од него. Беше пријатно да се слушнат конкретни совети за поубав живот, како да се прифатиме себеси, да се сакаме и дека до тоа можеме да дојдеме преку медитацијата со надминување на внатрешните пречки кои се креација на умот.
Освен убавината во моментот на самата медитација, семинарот беше поттик да размислуваме до каде можеме да стигнеме ако редовно медитираме и во колкава мерка можеме да го промениме нашиот живот, а автоматски  и околината во која живееме.

Менче Пројкоска