http://yogacentar.org.mk/components/com_gk2_photoslide/images/thumbm/8542221.jpg http://yogacentar.org.mk/components/com_gk2_photoslide/images/thumbm/1444252.jpg http://yogacentar.org.mk/components/com_gk2_photoslide/images/thumbm/5337873.jpg http://yogacentar.org.mk/components/com_gk2_photoslide/images/thumbm/8627714.jpg
Почеток Настани ПРЕДНОВОГОДИШНО ДРУЖЕЊЕ

ПРЕДНОВОГОДИШНО ДРУЖЕЊЕ

Share

 

26.12.2009
Ресторан за макробиотика „Хармонија“ и
27.12.2009
Центар за јога и личен развој, Капиштец

Крајот на годината е време на прослави, дружење, подготовки за празниците. По повод заокружувањето на 2009 година и истовремено очекувањето на новиот годишен циклус пред
нас, нашиот Центар организираше две средби за членовите кои ги посетуваат часовите на
двете локации, во Аеродром и Капиштец.

2009.1

Првата средба се одржа на 26 декември во ресторанот за макробиотика, Хармонија, на која дојдоа околу четириесетина членови. Поздрав им упати Весна Алексовска, под чие водство работи Центарот: „За нас оваа година беше успешна. Од јануари до декември курсевите ни ги посетија околу 540 практиканти, вклучувајќи ги децата и нивните родители, возрасните од претпладневните часови, бремените жени, членовите од сите нивоа. Посебно ме радува што го
инициравме Митко посериозно во наставата, и тоа што Лазар презеде водство на почетна група во Капиштец...“

Со пријатна музика во позадина Елена Конеска, Елена Граматиковска и Лазар Ѓуров ни овозможија пријатни мигови читајќи стихови од наши познати поети и од Мајка Тереза.

2009.4 2009.3 2009.2 

2009.2001 2009.2003 2009.2002
После овој прекрасен „аперитив“ уживавме во меѓусебното дружење и вкусната храна приподготвена во ресторанот.
2009.200 На 27 декември се одржа сатсанг во просториите на Центарот. Во пријатниот амбиент проткаен со духовност, спокој, отвореност, седнати во круг присутните споделија свои мисли и искуства, прашања околу практиката, за духовната реализација како крајна цел во јогиската практика.

Медитацијата која следеше ја посветивме на сите живи суштества на планетава, праќајќи им љубов, посакувајќи им најголемо добро и благосостојба.
Енергијата што проструи низ нас посакуваме да е трајно присутна за да ги храни нашите срца и да ни дава сила да простуваме и да се носиме со предизвиците кои ќе ни ги донесе следната година.

2009.7

„Како може да спасиш капка од исушување?“ е прашање кое се провлекува низ филмот „Самсара“,  кој го видовме истата вечер. Одговорот на ова прашање е најден на крајот на филмот во кој се прикажани целосната посветеност, дилемите, искушенијата и тешкотиите со кои се сретна еден тибетански будистички монах за време на својот животен пат.