http://yogacentar.org.mk/components/com_gk2_photoslide/images/thumbm/8542221.jpg http://yogacentar.org.mk/components/com_gk2_photoslide/images/thumbm/1444252.jpg http://yogacentar.org.mk/components/com_gk2_photoslide/images/thumbm/5337873.jpg http://yogacentar.org.mk/components/com_gk2_photoslide/images/thumbm/8627714.jpg
Почеток Настани МОЌТА НА ЗБОРОВИТЕ, формирање на позитивни ментални обрасци

МОЌТА НА ЗБОРОВИТЕ, формирање на позитивни ментални обрасци

Share

 

Еднодневни семинари
28.03.2010
Скопје (Центар за јога и личен развој)

18.04.2010
Тетово (Шкендија, Карате Академија)

под водство на Весна Алексовска


„Говорот е основен атрибут во Материјалната реалност. Тој произлегува од звукот на Космичката вибрација. Оваа особина на вибраторно изразување ја имаат сите видови… Должност на човекот е да ја користи оваа моќ на говор, дадена од Бога, да прави само добро и да го шири просветлувањето.“ Парамаханса Јогананда

Tetovo1     Tetovo2
Слики од семинарот во Тетово

Секој човек има свои обрасци на мислење и говор. Тие ментални обрасци и нашиот говор, зборовите, во себе имаат енергетски потенцијал. Кога зачестено користиме одредени зборови со кои се изразува некое дејствите или состојба, енергијата од нив се зголемува и утврдува, и на одреден начин влијае на нас самите, но и на другите суштества и околностите. Со нашите навики на изразување создаваме подлога за креирање, одржување и зацврстување на одредени чувства и состојби, а додаваме и на потенцијалот на веројатноста да успееме во нешто, додаваме или одземаме од нашата лична среќа, го поддржуваме или не сопственото здравје.

zborovite11      12345
Слики од семинарот во Скопје

Со свесно користење на позитивни афирмации во состојба на длабока опуштеност, за време на медитација и јога-нидра, го исполнуваме свесниот ум со одредена намера. Кога таа намера се повторува и оди подлабоко во подсвеста, доаѓа момент кога намерата станува вистинско искуство.

zborovite3
Групна фотографија од семинарот во Скопје