Share
untitled1 Mediumi
Јога во 5+ со Петко и Мина
plakat

8ka b_small

 
Почеток Искуства

СВЕСНА ЗА СПЛОТЕНОСТА СО ПЛОДОТ

Share

СВЕСНА ЗА СПЛОТЕНОСТА СО ПЛОДОТ 

Марија Саревска, новинар

Моето лично искуство со јогата трае неколку години, па некако беше природно во фаза на бременост да го продолжам практикувањето, се разбира, овојпат за поинаков квалитет и искуство. Имајќи предвид дека бременоста подразбира една посебна состојба за идната мајка, не случајно се нарекува и блажена состојба, практикувањето јога во овој период само помага во нагласувањето на тоа чувство, односно максимално и длабоко чувствување на новите промени што се случуваат во организмот.

Бременоста – како период во кој треба да се посвети посебно внимание на начинот на исхрана, однесување, хигиена, психофизичкото здравје – е период кога треба да се развие и зголемена свесност пред сè за себе, а со тоа и за плодот што расте во вас. Од месец во месец, со прогресијата на бременоста, ефектите од јогата се чувствуваат поинтензивно и стануваат нераздвојлив дел од целиот процес.

Јас едноставно имав среќа да немам проблеми карактеристични за првите три месеца од бременоста, а сите нови промени на телото што доаѓаат со прогресијата на бременоста стануваат природен дел од моето битие. Речиси воопшто не чувствувам физички тегоби, промената во изгледот ја прифаќам позитивно и природно. Смирувачките јогиски техники за дишење и релаксација, а најверојатно и самата посебна состојба, спонтано ми помагаат да немам никакви негативни мисли. Дури и да ми доаѓа напати, или да сум пред искушение да ме опфати нервоза, анксиозност, вознемиреност во секојдневните ситуации на работа или дома, просто таквите чувства не ме понесуваат, сè трае толку краткотрајно или не ме вознемирува.

Но, најубавиот момент од сè е постојаното чувство за плодот што го носите во вас, кое ви го овозможува токму јогата. Преку техниките за релаксација, втонување во себеси и контакт со секој дел од вас, воспоставувате заемен однос со плодот и тоа чувство дека тој учествува во сè што ви се случува, во сè што правите за негово добро е нешто исклучително, особено кога ви се чини дека вибрациите ви се заемни.

Кога се соочувам со прашања односно реакции за изгледот, или за тоа како го чувствувам плодот од типот дали е немирен, колку клоца и слични преокупации на идните мајки, секогаш велам, “Не знам, моето дете вежба јога”. Што се однесува до најнепријатниот момент за секоја идна мајка, а тоа е моментот на породувањето, кај мене тоа вообичаено чувство на страв не е изразено, речиси да не постои.

Во секој случај, топло ја препорачувам јогата не само во бременоста, туку воопшто во секојдневниот живот и ми се чини дека сите оние што првпат ќе се сретнат со јогата во периодот на бременоста, заедно со детето што ќе го донесат на свет добиваат две најзначајни нешта, кои ќе ги облагородат за цел живот.

09.11.2009