Share
untitled1 Mediumi
Јога во 5+ со Петко и Мина
plakat

8ka b_small

 
Почеток Искуства

САКАМ ДА СПОДЕЛАМ ЗА ПРОМЕНАТА

Share

 

Лилјана Таневска, (60 год.) правник

Моето искуство со јогата сакам несебично да го споделам со другите затоа што знам дека може да им помогне.
По секој час по јога се чувствувам како нова, „реновирана“. Концентрацијата и доброто расположение по 3-4 години повторно ми се вратија, и тоа за само месец-два откако почнав да вежбам јога.

Самодовербата и присутноста во тоа што го правам ми се зголемија. Сè уште не можам да верувам дека можам да земам книга во рака и да не се враќам на првата страница повторно и повторно. А особено не можам да верувам  кога без вознемиреност, сосема сталожено си ги наоѓам работите во мојата чанта.
Внесена сум во она што го правам и уживам во тоа.

09.11.2009